ВИДЕО: Сообраќајка во Канада помеѓу камион и минибус, починати 15 лица

Фото: EPA-EFE/NIRMESH VADERA

Во сообраќајна несреќа во близина на градот Карбери во провинцијата Мантибоа во Канада вчера загинаа 15 лица. Канадските медиуми известија дека во несреќата учествувале камион и минибус специјализирани за превоз на лица со попреченост.

Едниците на полцијата од цела западна Манитоба се на терен да помогнат заедно со другите служби – се вели во соопштението од канадската полиција.

Очевидците за канадските медиуми раскажуваат како спасувачите извлекувале луѓе од запалениот автобус, а предниот дел на автобусот бил целосно смачкан.

„Потврдена е смртта на 15 лица“, изјави на прес-конференција полицискиот претставник Роб Хил, додавајќи дека „10 лица се пренесени во болница со различни повреди“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот