ВИДЕО | Славчо најавува влажен воздушен бран и локални врнежи од дожд – од недела стабилизирање на времето

скопје дожд жена велосипед врне облачно време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Под влијание на влажен воздушен бран, денес и утре времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Поинтензивни врнежи ќе има во југозападните и јужните предели од државава каде локално ќе наврнат над 20 л/м2 воден талог.

Повремено на планините ќе има услови за повремени врнежи од снег а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со повремен дожд но со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен вдетер од северен правец. Температурата ќе се искачи до околу 15 степени.

Потоа од недела ќе има стабилизирање на времето со пораст на температурите на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот