ВИДЕО | Шекеринска: Историски Самит на НАТО, покажавме дека можеме да придонесеме како сојузник еднаков со останатите

Радмила Шекеринска/ Фото: МИА

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заедно со премиерот Зоран Заев, денеска во седиштето на НАТО во Брисел учествува на лидерскиот Самит на Алијансата.

– На овој историски самит доаѓаме како делегација на 30-та земја членка која што не чекаше што Алијансата ќе направи за неа, туку сакаше да покаже дека знае и да придонесе. И на Криволак, и во Скопје, и на Балканот и тука во Брисел ја испраќаме пораката дека заедно сме посилни, дека и како мала земја покажавме дека може да вложуваме во регионалната и евроатлантската безбедност и дека решавајќи ги политичките проблеми и вложувајќи во својата и нашата заедничка безбедност можеме да придонесеме како сојузник, еднаков со останатите, рече министерката Шекеринска во изјава пред почетокот на Самитот.

Ова е прв лидерски Самит на кој македонска делегација учествува како делегација на полноправна земја – членка на Алијансата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот