ВИДЕО: Шампионско славје на Манчестер сити, Алварез го урна Челси на „Етихад“

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Манчестер сити во 37 коло од Премиер лигата на домашен терен со 1:0 го совлада Челси на стадионот „Етихад“. „Граѓаните“ во саботата и математички ја обезбедија третата титула по ред шампион на Англија, и сега пред своите верни навивачи ја прославија со триумфот над лондонските „сини“.

Стрелец на единствениот гол беше Хулијан Алварез во 12 минута од средбата. Истиот играч можеше и по вторпат да се најде во листата на стрелците во 71 минута, но по ВАР снимката беше утврдено дека Ријад Марез играше со рака.

Пеп Гвардиола за овој меч се одлучи да настапи во комбиниран состав, а по завршувањето на натпреварот следува следуваше церемонијата на доделување на трофејот.

На премиерлигашката табела Сити после 12 победа во низа е на првото место со 88 бодови, додека второпласираниот Арсенал има седум бодови помалку и натпревар повеќе. Челси е на 12 место со 43 бодови.

Во неделата Вест хем со 3:1 го совлада Лидс, додека со истиот резултат Брајтон беше подобар од Саутемптон.

ВИДЕО: Брајтон избори историски пласман во Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот