ВИДЕО: Пресврт на Вест хем, Лидс пред испаѓање од Премиер лигата

фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Фудбалерите на Лидс пропуштија уште една шанса да освојат важни бодови во трката за опстанок во Премиер лигата.

Денеска на гостувањето кај Вест Хем играчите на Сем Алардајс загубија со резултат 3:1, иако имаа водство од 17 минута со голот на Родриго.

„Чеканите“ на стадионот во Лондон направија целосен пресврт со погодоците на Рајс, Боуен и Ланцини. Вест хем после 11 победа сезонава е на 14 позиција со 40 бодови, додека Лидс е во опасната зона на 18 место со 31 бод.

До крајот на сезоната, засега сигурниот Евертон е на 17 место со 33 бодови, својот последен меч ќе го има на 28 мај дома против Бурнмаут, а истиот ден Лидс ќе го пречека Тотенхем.

Лестер кој и натаму има шанси да обезбеди опстанок во Премиер лигата, со два меча помалку е на 19 позиција со 30 бодови. Играчите на Дин Смит ќе му гостуваат на Њукасл, а на 28 мај пред своите навивачи ќе играат против Вест Хем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот