ВИДЕО | Се уште има магија во нозете на Чави – со еден потег ја крена публиката на нозе

Барселона вчера запиша нова победа во Примера и тоа убедливо против Атлетик Билбао 4:0.

Головите за Барселона ги постигнаа Дембеле, Роберто и Левандовски во првото полувреме и Феран Торес во вториот дел кога ги постави конечните 4:0. Покрај головите внимание привлече и потегот на Чави Ернандез после половина час игра.

Голманот на Билбао ја исфрли топката која дојде до стратегот на Барселона кој мајсторски ја смири. Ваквиот потег ја подигна публиката на нозе која започна да го скандира името на Чави.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот