ВИДЕО | Се продава најскапата куќа на светот за 420 милиони евра! Има 100 соби, езеро, била во сопственост на Ротшилд

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Во срцето на Франција, во департманот Сена и Марна, се наоѓа луксузен објект што ја понел титулата најскапа куќа на светот. Замокот „Шато Дарменвие“ (Chateau d’Armainvilliers) се проценува на 363 милиони фунти, односно нешто повеќе од 420 милиони евра. Ова велелепно здание се наоѓа на имот кој се простира на повеќе од 1.000 хектари земја, пишува британски „Метро“.

Имотот се наоѓа на околу 40 километри од Париз. Замокот има 2.500 квадратни метри и 100 соби.

Овој луксузен објект, кој во својот склоп има и приватно езеро, е изграден врз темелите на замокот од 12. век. Семејството Ротшилд го купило кон крајот на 19 век, а потоа го купил кралот Хасан Втори од Мароко во 80-тите години на 20 век. Тој направил низа промени, вклучувајќи изградба на бања, козметички и фризерски салон и целосно опремени медицински и стоматолошки ординации. Исто така, тука сега се наоѓаат и марокански мозаици и ѕидни плочки, како и штала за 50 коњи. Изградено е и подрумско ниво каде што се наоѓа огромна мрежа на тунели, кујни, складишта и соби за персоналот.

Кралското семејство во 2008 година ја продало куќата за 200 милиони евра (170 милиони фунти) на анонимен купувач од Блискиот Исток, а кој сега ја вратил на продажба. Француските експерти за недвижности сметаат дека цената е превисока.

„Нема смисла, тешко дека недвижности од овој тип може да се продаваат за 20-25, или за дури 30 милиони евра ако навистина ни се допаднат“, рекол еден агент.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот