ВИДЕО: Руските весници го избегнуваа терминот „војна“, но во денешните броеви се пишува за „битката во близина на Киев“

Руски весници/ Фото Би-Би-Си скриншот

Кремљ одбива својата офанзива во Украина да ја нарече војна, а на руските медиуми им било кажано да не ја нарекуваат „инвазија“.

Но, денешните руски весници зборуваат за „битките во близина на Киев“ и зборуваат за „линијата на фронтот“. Има фотографии од тенкови и војници кои Москва ги претставува како „херои“.

Провладините медиуми во Русија сакаат јавноста да мисли дека она што трупите на земјата го прават сега во Украина е слично на она што го направи Црвената армија во Втората светска војна; борбата против нацистите и фашистите и одбраната на татковината – тоа е дел од обидот на Кремљ да создаде алтернативна реалност околу настаните таму, пишува Би-Би-Си.

Во меѓувреме, главниот уредник на независниот весник „Новаја газета“, Дмитриј Муратов, одлучи да го даде на аукција својот медал за Нобеловата награда за мир за да собере пари за украинските бегалци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот