ВИДЕО | Рафиња збесна и удираше во столчето поради замената, па потоа се извинуваше

Фото: ЕPA-EFE/Alejandro Garcia

Maнчестер Јунајтед и Барселона вчера одиграа одличен натпревар кој на крајот заврши без победник 2:2, покрај четирите гола видовме и уште многу шанси на двете страни.

Најдобар во редовите на Барселона со гол и асистенција беше Рафиња кого Чави се реши да го замени во 76. минута, на негово место во игра влезе Феран Торес. Ваквиот потег на Чави воопшто не му се допадна на Рафиња кој буквално збесна и удираше по столчето, а претходно не се ни поздраво со Торес.

Незадоволни од ваквата замена беа и навивачите кои испратија свирежи. Жорди Алба на клупата се обидуваше да го смири својот соиграч, но немаше баш голем успех. Сепак и Рафиња со „ладна глава“ подоцна сфати дека не во ред таквиот однос и се извини.

„Сакам јавно да им се извинам на сите, посебно на тренерот. Му се извинувам и на Феран Торес, но и на целиот тим и навивачите. Понекогаш имаш голема желба да помогнеш на тимот и не можеш да ги контролираш своите потези. Веќе разговарав со Чави, жал ми е“, изјави Рафиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот