ВИДЕО: ПСЖ против Монако покажа кој е газда во „Лига 1“

фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Фудбалерите на ПСЖ дојдоа до шестата победа во низа сезонава во рамките од француската „Лига 1“. Париските „светци“ со 5:2 (2:1) беа подобри од Монако кој продолжува со своите лоши партии на гостинските терени.

Поведоа домаќините преку Гонсало Рамош во 18 минута, но само четири минути подоцна Минамино се погрижи за израмнување.

До крајот на првото полувреме Килијан Мбапе со својот 301 гол во кариерата му донесе ново водство на ПСЖ од пенал.

Усман Дембеле во 70 минута ја зголеми предноста на ПСЖ, а 120 секунди подоцна во листата на стрелците се запиша и Витиња. Монако постигна уште еден гол во 75 минута преку Балогун, а конечниот епилог го постави Рандал Коло Муани во судиското надополнување (90+6`).

ПСЖ стигна до 30 бодови и се наоѓа на првото место на табелата, додека Монако е трет со 24.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот