ВИДЕО | ПСЖ лесно ја победи Ница и се искачи на врвот во Лига 1

Фото: EPA-EFE/Mohammed Badra

Tимот на Пари Сен Жермен повторно е лидер во француската Лига 1 откако вечерва со 3:0 го совлада Монпелје.

За клубот од француската престолнина ова беше седма победа по 11 одиграни натпревари. Килијан Мбапе вечерва не беше расположен за голови или асистенции, сепак и во таква ситуација избраниците на Луис Енрике дојдоа до триумф.

Лидер на теренот во овој натпревар беше Осман Дембеле кој го разигруваше тимот и го одигра најдобриот натпревар откако е во ПСЖ.

Резултатот беше отворен по само десет минути игра кога Ли Канг-Ин ја погоди противничката мрежа. Тој гол беше и единствен во првото полувреме. На стартот од вториот дел асистенцијата на Дембеле ја искористи Заир-Емири. Конечните 3:0 ги постави Витиња на половина час пред крајот на средбата.

ПСЖ со овие три бода е лидер на табелата со два бода (24) повеќе пред Ница која во понеделник го игра својот натпревар од ова коло против Рен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот