ВИДЕО | Промоции, награди и книжевни експерименти на Малиот новогодишен саем на книги

Од 24 до 27 декември, на влезот во Градскиот парк во Скопје по единаесетти пат се одржува Малиот новогодишен саем на книги. Работното време е од 10.30 до 16 часот. На саемот со свои изданија се претставуваат издавачките куќи: Темплум, Гаврош, Сказнувалка, Бегемот, Или-или, ПНВ Публикации, Бункер, Чудна шума, Слово и, по прв пат на овој традиционален саем – PMG Rekordings. Малиот новогодишен саем на книги се одржува по единаесетти пат, првпат на отворено поради ковид протоколите, сакам да нагласам дека сите мерки и протоколи ќе бидат почитувани за да посетителите и учесниците се чувствуваат безбедно, вели за Утрински брифинг, Фросина Крушкаровска, уредник во „Темплум“
-Учествуваат 10 издавачки куќи и сите се коорганизатори, оваа година првпат правиме ваков тип на здружување како дополнителен мотив за издавачите. Саемот ќе понуди и богата културна програма која се состои од промоции, доделување награди од неколку конкурси овде во Градскиот парк, но и онлајн настани. Вчера имавме онлајн работилница за деца, која ја водеше Билјана Црвенковска, а денеска ја имаме промоцијата на книгата „Протест(и)“ од Златко Теодосиевски и Ацо Кондев, а веднаш потоа, во 12 часот имаме доделување на наградите за најдобар дебитантски прозен ракопис „Новите“, ќе гостува и поетесата Ана Голејшка, тоа ќе биде забавен настан бидејќи ќе се појави во улога на пророкувачка, така што имаме различни активности. Што се однесува до наградата „Новите“, таа се доделува по петанесетти пат и имавме одличен одзив бидејќи пристигнаа 25 ракописи, а задоволни сме и од квалитетот кој е се’ подобар, рече Крушкаровска.
-Ваквите книжевни настани се многу важни, особено во овие услови кога имаме малку културни настани, кога ситуацијата е тешка за сите и на овој начин сакаме да го поттикнеме и творењето и да им дадеме мотивација на младите автори да создаваат и влез во македонската книжевна сцена, вели Крушкаровска. Во рамки на програмата на Саемот првпат ќе се додели и наградата од конкурсот за книжевна критика „Куса куса книжевна критика“. Крушкаровска рече дека одзивот на овој конкурс за критика не подолга од 100 зборови пристигнале 76 критики од 36 автори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот