ВИДЕО: Приведени петмина на вчерашните протести, за два дена во станица 20 лица

Фото: илустрација / МВР

Тројца полициски службеници се повредени, а пет лица се приведени за време на вчерашниот протест против францускиот предлог.

– Двајца од полициските службеници се здобија со повреди при инцидент во близина на споменикот „Скендербег”, каде со брза реакција на полицијата беше избегнат поголем инцидент, при што веднаш беше приведен Е.Ј. (40) од Скопје, осомничен за пукање од пиштол. Пиштолот е обезбеден, за случајот е известен јавен обвинител и по негово документирање против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што соопшти Министерството, лишени се од слобода уште три лица поради фрлање со тврди предмети кон полициски службеници.

– Еден полициски службеник беше повреден со тврди предмети пред Собранието и задржан е на болничко лекување. Уште едно лице е приведено пред угостителски објект на подрачјето на Центар, поради снимање со дрон без дозвола, додаваат од МВР.

За време на собирот пред Собранието, Министерството информира дека е регистриран и настан во кој учесници во протестот се обидувале да отстранат група на маскирани лица, кои предизвикувале инциденти.

За инцидентите пред Собранието во вторникот полицијата истата вечер приведе 11 лица, а а дополнително се уапсени уште четворица. Меѓу овие лица тројца се малолетници.

Основното јавно обвинителство Скопје, за настаните од вторникот 5. јули пред Собранието, поведе постапка против осум полнолетни лица, за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело од член 385 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, додека за малолетниците постапката ќе се води согласно Законот за правда за децата.

Во овие инциденти беа повредени 47 полицајци, додека вчера се повредени тројца полициски службеници.

ВИДЕО: Кои се и чии се црните качулки – меѓу 11-те приведени и двајца малолетници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот