ВИДЕО ПРЕМИЕРА | „Политиканти“ на „Слободен печат“, гостин Артан Груби: Јас во политиката ќе направам како што ќе ми каже Али Ахмети 

Politikanti

Артан Груби, заменик претседател на македонската влада задолжен за политички систем беше гостин во денешното издание на подкастот „Политиканти.мк“, при што Сашо Орданоски и Борјан Јовановски добро го распрашаа овој „главен негативец“ од ДУИ за повеќе теми кои беа споменувани со претходните соговорници.

Зошто и како Груби стана центарот на таа негативна енергија насочена кон ДУИ? Зошто вицепремиер за политички систем раководеше со транспортен проект – изградбата на Коридор 8? Груби вели дека не е тој причината за расцепот на ДУИ, туку дека таргетот е лидерот на партијата Ахмети, кого Албин Курти сака да го тргне од политичката сцена систематски барајќи некој кој во Македонија ќе ги врши неговите работи. На прашањето зошто Курти го прави ова, Груби вели дека тој се смета себеси за татко на нацијата.

Колку Курти е вмешан во изборите во Македонија што ни претстојат и може ли да оствари влијание? Има ли ДУИ комуникација со албанската опозиција? Дали ДУИ стравува дека со нивното обединување ќе им земат пратенички места?

Како пропадна идејата за заеднички изборен настап на ДУИ и СДСМ? Груби вели дека анкетите на СДСМ покажале дека перцепцијата на две третини од Македонците е дека се граѓани од втор ред во сопствената држава. Колку е Груби свесен за оваа перцепција? И вистина ли е дека ДУИ владее со институциите, правосудството и државата?

ДУИ би сакале СДСМ да има добар резултат на изборите, но ако тоа не се случи, дали е подготвена партијата да отстапи од своите црвени линии за да коалицира со Мицкоски? Подготвена ли е ДУИ да биде во опозиција заради принципи? Треба ли да стравуваат луѓето ако ДУИ остане во опозиција, а биде победничка партија кај албанското гласачко тело?

Кој владее со СДСМ – Заев или Ковачевски? Колкаво е влијанието на Груевски во ВМРО-ДПМНЕ? Што вели Груби за корупцијата во ДУИ? Каква е врската и интересот на ДУИ со казината? Кој ги прави парите во овој бизнис? Што е заднината зад случаите „Соравија“, автопатот на „Бехтел и Енка“ и низа други бизниси што ја разбрануваа јавноста?
Искрено за овие работи и многу повеќе во новото издание на подкастот „Политиканти.мк“ на !„Слободен печат“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот