ВИДЕО | Повторно проблеми со пенкалото: Кралот Чарлс Трети ги изгуби нервите

Фото: Принтскрин - Инстаграм

Кралот Чарлс Трети неодамна ја посети Северна Ирска во замокот Хилсборо за да се сретне со членовите на тамошното собрание и по тој повод, кон крајот на посетата, потпиша и книга наменета за тие цели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by super SAM (@supersamstory)


Церемонијата на потпишување не помина без проблеми, наведуваат странските медиумите.

„Чарлс прво напиша погрешен датум, а потоа пенкалото му зададе нова главоболка. Имено, мастилото почнало да тече од пенкалото, што доста го налутило, а тој се ослободил од него луто давајќи ѝ го на сопругата Камила. Таа пак била многу посмирена, но се пожалила дека тече мастило „од сите страни“, е истакнато во написите.

По нејзиниот коментар, кралскиот помошник брзо дошол и го тргнал пенкалото од раката, но ништо не можело да го спречи „малиот нервен слом на Чарлс“, јавуваат агенциите. Во позадина, како што пишуваат, се слушал кралот како јасно вели:

„Не можам да ја поднесам оваа проклета работа“ додека го брише мастилото од рацете со шамивче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)

Тој револтирано додал дека тоа се случува „секој проклет пат“.

Видеото предизвикало лавина реакции.

„Доста му е од сè“, „Човекот е олицетворение на стресот во моментов“, „Пенкалото не е во истиот тим со кралот“, „Само смири се човече“, „Ова пенкало ќе биде протерано од кралството“, се само некои од коментарите.

Ова не е прва ситуација на која која Чарлс Трети реагира несоодветно, а притоа пенкалото да е главната причина поради која ги губи нервите. Снимката на која британскиот крал Чарлс Трети ја потпишува декларацијата за стапување на тронот стана најгледана во светот, а сето тоа поради фактот што монархот ги загубил нервите, иако се обидувал да ја задржи смиреноста додека им давал многу нервозни упатства на своите подредени со неговиот говор на телото, пренесуваат медиумите во светот.

Кралот Чарлс е во обиколка на нацијата во жалост, пристигна во Северна Ирска

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот