ВИДЕО: После 30 натпревари без победа, конечно насмевки во Шалке!

Фото: EPA-EFE/LARS BARON/POOL

Шалке без сомнение ја игра една од најлошите сезони во својата клупска историја, а денеска во 15 коло го забележа првиот триумф во Бундеслигата.

И тоа доста убедливо, играчите на тренерот Грос славеа на домашен терен против екипата на Хофенхајм со резултат 4:0. После 30 одиграни натпревари во шампионатот без победа, дојде крај на таа негативна серија.

Хет-трик забележа американскиот интернационалец Метју Хопи, а конечниот епилог го постави Мароканецот Амине Харит.

Сега сите тимови во најсилното германско првенство имаат барем по една победа сезонава, а Шалке чија главна цел ќе биде опстанок е на претпоследното 17 место со седум бодови, четири помалку од Келн кој засега е во безбедната зона.

Во другите мечеви од денешната програма: Баер Леверкузен-Вердер Бремен 1:1, Фрајбург-Келн 5:0, Мајнц-Ајнтрахт Франкфурт 0:2 и Унион Берлин-Волфсбург 4:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот