ВИДЕО | Портпаролката Митева: Утрешната средба помеѓу Мицковски и Пендаровски е државнички потег

Портпаролката на ВМРО ДПМНЕ, Марија Митева денеска во Утрински брифинг рече дека утрешната средба помеѓу претседателот на државата Стево Пендароовски и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски ќе претставува државнички потег.

-Кога претседателот на државата и лидерот на најголемата политичка партија и на најголемата пратеничка група во собранието ќе седнат да разговараат и ќе имаат исти ставови во врска со неправедно осудените од 27 април , но и за актуелната политичка и економска ситуација. Искрено се надевам дека ќе имаме позитивен исход од средбата и дека од неа ќе произлезат мерки кои ќе донесат позитивни резултати, рече Митева.

Таа нагласи дека не се точни шпекулациите дека опозицијата е против изградба на нов Клинички центар.

– ВМРО ДПМНЕ е против изградба на Клинички центар кој што се темели на физибилити студија која што брои четириесетина страни и која што нема јасно детектирани проекти. Сметам дека за едно вакво важно прашање опозицијата и власта треба да разговараат. Мицковски на лидерската средба со Заев го достави нашиот предлог за Клинички центар, а тоа е да се реновира веќе постоечкиот центар и да се изгради Ургентен центар кај болницата 8 Септември, со што ќе се направи и болница за ковид лекување, а болниците во Штип, Битола и Тетово да станат Универзитетски болници. Во Собранието не станува збор за закон за клинички центар туку за Закон за јавни набавки кој што се состои од три члена кои треба да се променат за изградба на Клиничкиот центар, но до денеска нема повратен одговор дали го разгледале нашиот предлог, вели Митева и додава дека ВМРО – ДПМНЕ континуирано ја подава својата рака за помош кон преговорите за влез во ЕУ, но од владејачката партија не сакаат да соработуваат со нив.

Митева вели дека партијата веќе се подготвува за претстојните локални избори.

-Формиран е републичкиот изборен штаб, ќе имаме и активности на терен затоа што сакаме да го слушнеме гласот на народот. Верувам дека граѓаните се свесни дека политички партии треба да претстават лица кои зад себе имаат кредибилитет. Ќе имаме активности за анкетирање на кандидатите за градоначалници и се надевам дека ќе ги имаме најдобрите кандидати за градоначалници кои ќе ни донесат победа, нагласува портпаролката на ВМРО ДПМНЕ.

Нејзина цел е да го смени пристапот кон политиката. Таа жали што секогаш функцијата политичар се поистоветува со нечесен човек.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот