ВИДЕО | Поранешна милионерка решила да живее во комбе: Трошам по 30 долари дневно

Фото: Принтскрин/ SWNS

Поранешната мултимилионерка Кејтлин Пајл одлучила да го напушти својот луксузен начин на живот и да стане дигитален номад. Кејтлин има 36 години и водела компанија за лекторирање, а нејзиното богатство вредело четири милиони долари, пишува „Њујорк Пост“ (New York Post).

Таа тогаш живеела со својот сопруг во осумкатница на Флорида, но по разводот решила да го сврти животот и да ја продаде компанијата. Таа сега ја издава својата палата со 18 соби, за која морала да плаќа околу 180.000 долари годишно како трошоци за одржување.

Кејтлин го купила комбето за 88.000 долари и вложила дополнителни 102.000 долари (нешто помалку од 94.000 евра) во неговата реставрација. Таа сега патува низ САД и пробува нови активности како планинарење, додека работи на интернет како животен тренер (мотивационен говорник).

„Ова беше најдобрата одлука што сум ја донела. Порано земав неколку скапи одмори годишно. Тоа не беше одржливо. Сега трошам 20 до 30 долари дневно и го живеам животот каков што отсекогаш сакав да го живеам”, признала таа и додала дека не планира да да се откаже од номадскиот живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот