
ВИДЕО | Поради една грешка Меган можела да остане без венчаницата на првиот танц
Документарната серија на Нетфликс за принцот Хари и Меган Маркл, која крена голема прашина ширум светот, ќе го добие своето продолжение на 15 декември, а по тој повод објавен е тизер.
Препорачано
Овој краток клип содржи фотографии од венчавката на војводата и војвотката од Садекс, која се одржа во 2018 година, а посебно внимание привлекоа фотографиите од првиот танц.
Експертката за говор на телото Џуди Џејмс објаснила што навистина се крие зад фотографиите и открила дека првиот танц изискувал многу тешка кореографија.
– Меган беше многу елегантна невеста во фустан со деколте и не би му дозволила туку-така да танцува со неа. Можеше да се случи катастрофа доколку сè не беше испланирано – рекла Џуди Џејмс, пишува „Дејли мејл“.
Таа истакнала дека Хари на подиумот дал 200 отсто од себе дури и кога изведувал многу комплицирани соло движења.
„Мислам дека Ширли Бејлс не би го дозволила тоа во „Strictly Come Dancing“, но очигледно многу се забавува. Тој пее и се смее со отворена уста“, рекла таа за Хари, објаснувајќи дека танцот бил со „лудо брзо темпо“, за што сигурно морале многу да вежбаат.
– Има многу движења, како рацете околу тилот на Меган и сето тоа можело да се претвори во катастрофа доколку не вежбале. Меган морала да биде сигурна дека танцот нема да направи проблеми со фустанот. И Хари морал да биде сигурен дека нема да ги уништи фустанот и шминката на Меган. Сешто можеше да се случи, да ја собори на земја или да „падне“ фустанот од неа – рекла експертката за говор на телото.

Таа нагласила дека Хари танцувал целосно непречено, и дека тој и Меган биле совршено хармонични и дека оставил впечаток на алфа мажјак.
„Со целата тага прикажана во документарецот, добро е да се види дека имале моменти кога очигледно се чувствувале исклучително среќни и пријатно на настанот во кралското семејство“, рекла Џуди.
ВИДЕО | Меган и Хари се запознале на Инстаграм, еве што сѐ открија во документарецот
ВИДЕО | Нов трејлер за „Harry & Meghan“: Сѐ е валкана игра, никој не ја знае целосната вистина
ВИДЕО | Хари и Меган открија на која песна го изиграле првиот свадбен танц