ВИДЕО: Полскиот министер за правда носи пиштол на појасот, го „издаде“ ветерот

Фото: Твитер/принтскрин

Полскиот министер за правда, Збигњев Зиобро, е забележан со пиштол на појасот на официјален настан при положување цвеќе на споменикот во сеќавање на жртвите на рударска несреќа во Полска.

Откако видеоснимката која ја објавија медиумите се прошири на социјалните мрежи, полскиот министер објасни дека дозволата за носење оружје ја добил пред неколку години, поради тоа што имало закани по неговиот живот.

Како што рече Зиобро, пиштолот го носи откако на негово убиство повикал еден од водачите на мафијата во земјата.

-Како и секој граѓанин, имам право да се заштитам себеси и своето семејство – рече Зиобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот