ВИДЕО | Почина „човекот од дупка“, последниот член на домородно племе во Бразил

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Почина последниот припадник на бразилското староседелско племе во домородната област Танару, во сојузната држава Рондонија, кое немало контакт со другата цивилизација. Ова во саботата го соопшти бразилската Национална агенција за заштита на домородното население – Фунаи.

Службеници на Фунаи на 23 август го пронашле телото на мажот во лежалка во кабина. Немало знаци на борба, насилство или присуство на други луѓе.

„Тој починал од природна смрт, а неговото тело ќе биде дадено на вештачење“, соопшти Агенцијата.

Познат како „Човекот од дупката“, тој последниве 26 години одбиваше контакт со други луѓе и живееше во целосна изолација во Танару, длабоко во бразилска Амазонија. Прекарот го добил поради неговата навика да прави длабоки дупки за да се скрие, но и да лови животни.
Се претпоставува дека остатокот од неговото племе можеби бил убиен во поголем број судири со сточари и дрвосечачи во 1980-тите и 90-тите, врз основа на сличниот случај со друго изолирано племе во истата област.

Истражувачите овој маж првпат го виделе во 1996 година и оттогаш го набљудуваа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот