ВИДЕО | Пендаровски се извлече од рамката на партиите што го кандидираа и даде конструктивна критика во обраќањето

Ѓунер Исмаил и Васко Попетрески / Утрински брифинг
Ѓунер Исмаил и Васко Попетрески / Утрински брифинг

Каква е смислата на годишните обраќања на еден претседател, кога претседателот годишно има дадено кој знае колку интервјуа, ова и коментарите навчерашното обраќање на претседателот Стево Пендаровски беше темата на разговорот со Ѓунер Исмаил и Васко Попетревски во денешен Утрински брифинг.

-Пораката е стриктно читање на Уставот. Тој е прва личност во државата и согласно надлежности на грајот од годината од него се очекува да ја сумира годината од ракурс на извршната власт. Ние имаме проблем да го доживееме Пендаровски како претседател по десетгодишното владеење на оној кому му беше каѓано да не се занимава со неговите надлежности. Пендаровски се занимава со своите надлежности, вели Исмаил.

-Пендаровски се извлече од рамката на партиите што го кандидираа. Тој е доследен на своите политички и стратешки убедуања и насоки и во таа смисла го гледам неговиот вчерашен говор кој беше прилагоден на современите случувања. Тој е претседател чијшто поглед не досега само до Анкара и Истанбул, па оттука имавме пораки за модерните теми како што се дезинформациите. Мене ми беше интересен делот кога зборуваше за некои инвестиции кај нас од безбедносен план, како што се телекомуникациите, вели Попетревски.

Претседателот мора да бира и зборови и теми и да ги нагласува или стишува. Тој ја нагласи темата на инвестициите и дезинформациите, а темата за безбедноста ја сведе на нормални рамки. Темата со Бугарија ја сведе на политичка тема иако сме свесни дека тоа е тема од безбедносен аспект. Тој вели да не се брза со решавањето на тој проблем за да се остави време на бугарските власти да се консолидираат, вели Исмаил.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во вчерашен Утрински брифинг сметаше обратно, дека треба да се побрза со решавањето на спорот со Бугарија.

-Пендаровски го поби тврдењето на бугарскиот претседател Радев за дебугаризација на Македонија. Мислам дека нема суштински разлики меѓу Пендаровски и Османи. Османи многу внимателно го менаџира спорот и внимава да не ги повреди чувствата на етничките Македнци што е многу битно и тешко од еден етнички Албанец, вели Попетревски.

Тој додава дека претседателот јасно кажа дека нема потреба да се чекаат шест месеци оти Македонија може да почне преговори со ЕУ а во меѓувреме да работат тие билатерални комисии кои се планираат освен онаа фамозна историска комисија.

-И двете влади во моментов се вкалапени во резолуциите на парламентите. И тие и ние имаме свои црвени линии. Без разлика на владите, тие црвени линии мора да се следат. Црвените линии се донесени како одговор на хистеричните изјави од едната и од другата страна. Ова е историско бунило кое не може да помине без главоболие, вели Исмаил.

Опозицијата излегува со навредливи оценки за претседателот.

-Говорот на Пендаровски го оценувам како израз на приликите во општеството. Ако го читаме говорот тој е конструктивна критика на реалноста, а за реалноста е одговорен оној кој е на власт. Оттука не е јасна оценката на опозицијата која е негативна. Пендаровски умее да ги одбере зборовите, вели Попетревски.

Кога зборуваше за Заев, Пендаровски зборуваше за свој соборец оти тој не негира дека е произлезен и предложен од Бихаќка, коментира Ѓунер Исмаил.

Проследете го целиот разговор во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот