ВИДЕО | Партизан ја победи Звезда во „вечното дерби“ и се врати на врвот на табелата

Фото: FK Crvena zvezda

Во српскиот фудбал денес се играше „вечното дерби“ помеѓу Партизан и Црвена Звезда кое на крајот заврши со победа на црно-белите од 2:1.

Имаше Црвена Звезда повеќе прилики за гол од домаќините, посебоно во второто полувреме, но изостана реализацијата, па затоа беа казнети.

Резултатот беше отворен на пет минути пред крајот на првиот дел кога Натчо од пенал ја затресе мрежата. Црвена Звезда во вториот дел тргна офанзивно, почна да создава повеќе прилики, но Партизан зголеми на 2:0.

Стрелец на голот во 66. минута беше Салдања. Пет минути подоцна Нидаје намали на 2:1. До крајот на дербито уште еднаш се тресеше мрежата на Партизан, меѓутоа тој гол беше поништен поради офсајд.

На табелата по овој натпревар Партизан е лидер со 47 бода, Црвена Звезда остана на 46 и падна на втората позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот