ВИДЕО | Падна и Челси пред четата на Артета: Арсенал не го дава врвот

Фото: EPA-EFE/VINCE MIGNOTT

Тимот на Арсенал успеа да слави во уште едно дерби од Премиер лигата денес победен беше Челси со 0:1 и така повторно се врати на лидерската позиција во англиското првенство.

Дербито во Лондон не ги оправда очекувањата, двете екипи играа поповлечено и презервирано, немаше многу прилики. Поседот на топката беше на страната на Арсенал. Најголемата шанса за отварање на резултатот во првото полувреме ја имаше Габриел Жесус, меѓутоа неговиот удар заврши во надворешниот дел од мрежата.

На полувремето мрежите мируваа, брзо по почетокот на второто полувреме се израдуваа навивачите на Арсенал. Сака изведе одличен корнер, а топката помина покрај неколку фудбалери за да стигне до Жесус кој ја смести во мрежата. Челси се обидуваше да стигне до изедначување, но „сините“ изгледаа безидејно во нападот и скоро и да не создадоа ниту една посериозна прилика.

Арсенал со овој триумф се враќа на врвот на табелата и во наредното коло ќе игра против Вулверхемптон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот