ВИДЕО: Отстранети и искинати српски знамиња поставени на ридот над косовското село Грабовац

Косовска полиција/ Фото: МИА

Маж од албанска националност, кој симна и искина две српски знамињa над селото Грабовац, Косово и упатуваше пцости кон Србија и Србите, е приведен од страна на полицијата, а потоа пуштен на слобода, објавија косовските медиуми на српски јазик.

Од косовската полиција додаваат дека при претресот на неговата куќа не било пронајдено оружје.

„К.П. по наредба на обвинителството е пуштен на слобода, додека случајот се истражува“, соопшти косовската полиција.

Уште од петокот на ридот над селото Грабовац наизменично се поставуваат српското и албанското знаме.

Во објавеното видео, може да се види како човек од албанска националност, кој се претставува дека е од селото Бољетин, ги кине знамињата, пцуе, а поставувањето на овие знамиња го нарекува како провокација на Србите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот