ВИДЕО: Огнена линија од 4 километри на Исланд, опасност од гас над Рејкјавик по ерупцијата на вулканот

Исланд вулкан ерупција / Фото EPA-EFE/Iceland Civil Defense (almannavarnadeild) /

Вулканот во југозападен Исланд еруптираше вчера по неколку недели интензивна сеизмичка активност, соопшти државната метеоролошка служба.

Властите евакуираа речиси 4.000 жители на рибарскиот град Гриндавик и ја затворија блиската геотермална бања Blue Lagoon на островот Рејкјанес.

На снимката и на директните преноси на локалната новинска агенција RUV се гледа како излегува лава.

Ерупцијата „потенцијално би можела да трае неколку месеци“ или би можела „само да престане денес или утре“, вели Халдор Геирсон, вонреден професор на Институтот за науки за Земјата на Универзитетот во Исланд.

Професорот Геирсон рече дека локацијата на ерупцијата значи дека најголемиот дел од лавата тече во област каде што има малку инфраструктура – но тоа може да се промени. „Се уште постои закана за Гриндавик, сигурно. Сега лавата тече главно на север, но зависи од топографијата и од тоа каде се отворите“, рече тој.

Моќта на вулканската ерупција се намалува, но главниот град на Исланд е во опасност од загадување со гас, објави Метеоролошката служба на земјата. Загадувањето со гас од ерупцијата најверојатно ќе го погоди Рејкјавик вечерва или утре, се вели во соопштението.

„Силата на вулканската ерупција во кратерот Сундхнукс продолжува да се намалува“, се вели во соопштението. Се проценува дека протокот на лава паднал на една четвртина од она што беше на почетокот на ерупцијата, и дека столбовите на магмата паднале од околу 30 метри на околу 13 метри. Интензитетот на протокот на лава почнал да се намалува четири часа по нејзината ерупција, соопшти канцеларијата во текот на вечерта.

„Според временската прогноза, доцна вечерва или утре претпладне може да се забележи загадување со гас во областа на главниот град“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот