ВИДЕО: Неверојатни партии на Дончиќ и Букер
Далас маверикс со 113:108 го совлада Бостон во натпревар на кој доминираше Лука Дончиќ. Неверојатниот Словенец натпреварот го заврши со 36 постигнати поени и осум скокови и му ја донесе втората победа по ред на својот тим.
Феникс санс со 121:116 го победи Чикаго булс, а фантастично одигра Девин Букер. Бекот на „сонцата“ постигна 45 поени и имаше по четири асистенции и скокови. На чикаго не му помогна ниту најновото засилување, Никола Вучевиќ кој со 24 поени и 10 скокови беше најдобар во својот тим.
ЛА Лејкерс ја прекина мини серијата од две победи и во „Стејплс центарот“ загуби од Милвоки со 97:112. Најдобри кај Милвоки беа Џру Холидеј со 28 поени и Јанис Адетокумпо со 25 поени и 10 скокови. Кај Лејкерси кои се уште играат без двете најголеми ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, најрасположен за игра беше Монтрез Херел со 19 поени.
Бруклин нетс славеше против поранешниот тим на Џејмс Харден, Хјустон рокетс и тоа со 120:108. Харден не го заврши натпреварот поради повреда, но Кајри Ирвинг се врати на терените и во победата на својот тим учестуваше со 31 постигнат поен и 12 асистенции, додека Џо Херис постигна 28 поени.
Резултати:
Детроит – Портланд 101:124
Индијана – Мајами 87:92
Бостон – Далас 108: 113
Бруклин – Хјустон 120:108
Мемфис – Јута 107:111
Минесота – Њујорк 102:101
Оклахома сити – Торонто 113:103
Сан Антонио – Сакраменто 120:106
ЛА Лејкерс – Милвоки 97:112
Феникс – Чикаго 121:116