ВИДЕО | Немири во Париз откако полицајци убија тинејџер

Немири во Париз откако полицајци убија тинејџер / Фото: Poitout Florian/ABACA / Shutterstock Editorial / Profimedia

Во текот на ноќта во Париз избувнаа протести и немири, откако полицијата застрела 17-годишник кој не го сопрел возилото откако тоа му го наредила сообраќајната полиција. Видеото кое кружи на социјалните мрежи покажува како полицаец вперува пиштол кон возачот на автомобил, пред да се слушне пукање.

Тинејџерот, именуван како Наел М, починал од истрелот во градниот кош и покрај помошта од итната помош.

Полицаецот обвинет дека пукал во него е приведен поради обвинение за убиство.

Наел М е вториот човек оваа година во Франција што е убиен во полициска престрелка за време на сообраќаен прекин. Минатата година на ваков начин загинале рекордни 13 лица.

Според весникот „Монд“, полицијата првично му предложила на тинејџерот да го вози својот автомобил кон нив, мислејќи дека тој имал намера да ги нападне.

Но, снимката објавена на интернетот кажува поинаква приказна. На видеото се гледаат двајца полицајци во возилото. Еден го вперува оружјето кон возачот низ прозорецот и пука додека тинејџерот се обидува да вози.

„АФП“ јавува дека еден од полицајците на видеото може да се слушне како вели „ќе бидеш застрелан во глава“ – но не е јасно кој го кажува тоа.

Во автомобилот за време на пукањето биле уште двајца – еден побегнал, додека друг, исто така малолетник, бил уапсен и задржан од полицијата.

Престрелката предизвика серија протести во вторникот вечерта во Нантер, областа западно од Париз каде што бил убиен тинејџерот. Најмалку 24 лица биле уапсени по нередот.

Запалени се автомобили и канти за ѓубре, а уништени се автобуски засолништа. Во близина на полициската станица бил поставен и огномет. Полицијата употреби солзавец за да ги разбие демонстрантите, од кои некои создаваа барикади во текот на ноќта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот