ВИДЕО: Некој „нов“ Јувентус, шокантен старт на Лацио во Серија А

фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Фудбалерите на Јувентус го совладаа вечерва Удинезе со 0:3 во натпреварот од првото коло во италијанската Серија А. Поведе Јувентус со голот на Федерико Киеза во втората минута, по асистенцијата на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.

На 2:0 зголеми Влаховиќ со гол од пенал во 20 минута. Конечниот резултат го постави Адриен Рабио со гол во третата минута од судиското надополнување.

Во следното коло Јувентус ја пречекува Болоња, додека Удинезе ќе гостува кај Салернитана која ремизираше против Рома (2:2).

Лече приреди изненадување откако го победи Лацио со 2:1. Римските „небесно-сини“ имаа позитива по голот на Чиро Имобиле во 26 минута.

Понтус Алмквист во 85 и Федерико Ди Франческо во 87 минута му донесоа пресврт и триумф на домашниот тим. Во следното коло Лече ја пречекува Фиорентина, додека Лацио пред своите навивачи ќе се сретне против Џенова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот