ВИДЕО | Нејмар ја покажа својата нова „играчка“ вредна 350.000 евра

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Бразилецот Нејмар како и многу други фудбалски големи ѕвезди е љубител на скапите и луксузни автомобили, па така сега својата колекција додаде еден „Ролс Ројс“.

Нејмар како фудбалер на саудискиот Ал-Хилал има астрономска заработка, па така не му претставуваше проблем да издвои сума од околу 350.000 евра колку што вреди овој автомобил.

„Ова е моето ново дете“, објави Нејмар на социјалните мрежи.

Станува збор за моделот „Ghost“, а од претходно во својата колекција Бразилецот има: Ламборгини, Бентли, Астон Мартин, Мерцедес…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот