ВИДЕО | Навивачите на Реал Мадрид скандираа „Чави остани“

Фото: Screenshot

Реал Маддрид во вчерашното дерби од Ла Лига лесно ја совлада Жирона која сезонава игра феноменално и е најблискиот конкурент на „кралевите“ на врвот на табелата. На оваа средба видовме и една интересна ситуација на трибините.

Имено, навивачите на Реал Мадрид скандираа актуелниот тренер на Барселона, Чави Ернандез да остане на клупата на каталонскиот гигант. Многу јасно дека се работи за иронична порака бидејќи на Барселона под водство на Чави сезонава не и оди баш најдобро.

На табелата Реал Мадрид е лидер со 61 бода, дури 11 повеќе од Барселона која е на третата позиција. Ќе потсетиме, Чави неодамна потврди дека на крајот на сезоната ќе си замине, а клубот ја прифати неговата оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот