ВИДЕО | Најпознатиот јутубер „MrBeast“ жртва на дипфејк снимка

Фото: Instagram/ MrBeast

Најголемиот светски јутјубер, MrBeast, и двајца презентери на Би-Би-Си биле искористени во дипфејк видеа кои се користеле за да се измамат луѓето на интернет. Дипфејк видеата користат вештачка интелигенција (ВИ) за да направат снимки од некого манипулирајќи со неговото лице или тело.

Едно такво видео се појави на Тикток оваа недела, во кое се тврди дека MrBeast им нуди на луѓето нови Ајфони за 2 долари.

Во меѓувреме, слични вакви измами се користеа со помош на ликовите на репортерите на Би-Би-Си, Метју Амроливала и Сали Бандок. Видеото на Фејсбук ги прикажува новинарите како го „претставуваат“ Илон Маск, наводно промовирајќи можност за инвестирање. Слични видеа во минатото се користел за давање пари и криптовалути.

Наместо да се избришат, видеата на Фејсбук се оградени со слика со предупредување до потенцијалните гледачи дека содржат лажни информации проверени од независни проверувачи на факти Фулфакт, кои први го пријавиле проблемот.

Во меѓувреме, портпаролот на Тикток рече дека компанијата ја отстранила рекламата MrBeast во рок од неколку часа по нејзиното поставување, а сметката што ја објавила е отстранета поради кршење на нејзините политики.

ВИДЕО | Бојчев: „Дипфејк“ – најголем проблем во борбата против дезинформациите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот