ВИДЕО: Најдобрите македонски фудбалерки вторпат поразени од Косово во Лигата на нации

фото: ФФМ

По поразот 2:0 во Скопје, денеска најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија повторно загуби од Косово овојпат со 3:1. Тоа е веќе трет пораз за избраничките на селекторот Кирил Изов во рамките од групата „5“ во Лигата на нации.

Косовската селекција уште во првото полувреме ги реши сите дилеми околу победникот, во седмата минута за водство се погрижи Халилај од пенал, потоа во 14 минута во листата на стрелците се запиша Мемети, а во 34 минута Биќкај се погрижи за високи 3:0.

Единствениот погодок што е прв за Македонија во овој циклус го реализираше Цоклеска во 90 минута.

На табелата Косово од три натпревари е на првото место со седум бодови, пред Бугарија која има четири бодови од два натпревари, а Македонија е на последната трета позиција без бодови.

Последниот четврти дуел од оваа група фудбалерите на Изов ќе го имаат на 5 декември на гости против репрезентацијата на Бугарија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот