ВИДЕО | Надал го потврди враќањето: Не заслужив да ја завршам кариерата на прес-конференција

Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал го потврди своето враќање на терените, а прв предизвик ќе му биде турнирот во Бризбејн кој ќе биде како подготовка за Австралија Опен.

Надал се враќа на терените по долга пауза, а последниот натпревар го одигра во јануари кога се повреди на минатогодишното издание на турнирот во грен-слемот во Австралија.

„Мислам дека не заслужив да завршам вака. Работев напорно во текот на мојата кариера, па крајот не сакам да ми биде на прес-конференција. Сакам да ја завршам кариерата на вистински начин. По една година отсуство мислам дека е вистински момент да се вратам. Се чувствувам подготвен да се вратам во Бризбејн во првата недела од сезоната“, порача Надал во објавената видео-порака на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот