ВИДЕО | Над сто илјади луѓе во Минхен се собраа на протест против расизмот и антисемитизмот

Над сто илјади луѓе во Минхен се собраа на протест против расизмот и антисемитизмот / Фото EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

До 100.000 луѓе учествуваа на демонстрациите во Минхен против расизмот и антисемитизмот што се одржаа синоќа, јави ДПА.

Податоците доаѓаат од полицијата во градот, додека организаторите на демонстрациите, кои се одржаа под наслов: „Море од светлина за демократија“, соопштија дека на нив учествувале до 300.000 луѓе.

Во текот на викендот во Германија беа организирани демонстрации против крајнодесничарскиот екстремизам.

Бранот протести во земјата, кој започна во јануари, беше предизвикан од информациите дека на состанокот во Потсдам на екстремно десничарските активисти и политичари од „Алтернатива за Германија“, на кој присуствуваа и претставници на централно-десничарските демохристијани, се зборувало за протерување странци од Германија, меѓу кои и имигранти со германски пасоши и баратели на азил. Средбата се одржа во ноември минатата година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот