ВИДЕО: На 11-ти кат од зграда во Белград, жена без заштитна опрема го брише прозорецот од надворешната страна

Фото: Скриншот

Жителка на Белград без заштитна опрема чисти прозорци на крајно небезбедно место, на 11 кат од станбена зграда.

Имено, жената стои на работ од прозорецот и си ја врши работата во релаксирачка атмосвера, како да се наоѓа на приземјето од зградата.

Видеото е споделено на инстаграм страницата „serbialive_beograd“.

Жената која го чисти станот се претпоставува дека е хигиеничарка.

„Работам во компанија која одржува згради. Да кажам дека жените се на најниско ниво на почит. Ги омаловажуваат и ги тераат да направат се за минимална плата. Нема пари поради кои треба вака да ви го доведат животот во прашање. Страшно“, стои во еден од коментарите на Инстаграм.

Снимката претходно е објавена и на твитер, а личноста што ја споделила, исто како и инстаграм-профилот serbialive_beograd, пишува дека жената  работи во стан во станбениот комплекс „Белград на вода“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот