ВИДЕО | „Моето срце е скршено“: Изгоре вилата на манекенката Кара Делевињ, 94 пожарникари го гаснеле пожарот

Фото: Профимедиа / Инстаграм

Славната манекенка Кара Делевињ, која до неодамна се бореше со лични проблеми и зависност, се соочува со уште еден голем проблем. Според извештајот објавен од „ТМЗ“, манекената и актерка, го избегнала фаталниот пожар во нејзината вила во Лос Анџелес.

За среќа, Кара не престојувала во својот дом во моментот на драматичниот пожар бидејќи моментално се наоѓа во Велика Британија. Како што пишува таблоидот, пожарникарите биле повикани на местото на настанот откако бил упатен повик во 3 часот и 57 минути. Пожарот кој се проширил на таванот урнал поголем дел од покривот.

Фото: Shabba / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Вкупно 94 пожарникари се појавиле да го гаснат пожарот. Се претпоставува дека пожарот избувнал во задниот дел од имотот, но сè уште не е познато како настанал пожарот. Според извештајот, на пожарникарите им биле потребни речиси два часа за целосно да го стават под контрола пожарот.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Срцето ми е скршено денеска…не можам да верувам. Животот може да се промени додека трепнеш. Затоа, негувајте го тоа што го имате“, напиша Кара заедно со фотографијата од своите мачки.

„Лос Анџелес Тајмс“ објави дека Кара ја купила својата палата за 7 милиони долари во 2019 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот