ВИДЕО: Младинците на Хајдук Сплит го исфрлија Милан за финале во Лигата на шампионите

фото: Robert Matić/hajduk.hr

Дефинитивно младинските фудбалери на Хајдук Сплит имаат одлична сезона во Лигата на шампионите и се начекор од испишување на најубавите страници во историјата на овој клуб.

Хрватската екипа на стадионот во Женева успеа да го совлада Милан со резултат 3:1 (0:0).

Стрелци на головите за победничкиот тим беа Врчиќ, Пукстас и Хрговиќ, а за Италијанците единствениот погодок беше дело на Ѕероли.

За титулата Хајдук Сплит за три дена ќе игра против АЗ Алкмар од Холандија кој во второто полуфинале го елиминираше португалскиот Спортинг после пенал серијата.

Претходно Хајдук Сплит од натпреварувањето ги исфрли Шахтјор Доњецк, Манчестер сити, Борусија Дортмунд, а сега и Милан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот