ВИДЕО | Минов: Собирањето потписи од страна на опозицијата не е во согласност со законот

Прашањето за предлагачката надлежност на десет илјади потписи со кои граѓаните предлагаат донесување или поништување на закон е регулирано со Закон, вели за Собраниски брифинг на Утрински брифинг пратеникот од пратеничката група на СДСМ, Панчо Минов.

„Кон собирање на потписи може да се пристапи откако прво ќе биде исполнет условот со кој се предвидува исполнување на иницијативниот услов на сто граѓани потписници преку Собранието да се отвори постапка на собирање потписи пред надлежен орган на Министерството за правда во содветни простории согласно официјалните списоци на избирачи“, вели Минов.

„Ова што се прави од страна на опозицијата не е во согласност со законот и истото најверојатно има за цел да се изрази граѓанскиот револт на дел од бирачите по однос на тоа што се и ставови на ВМРО – ДПМНЕ како опозиција по донесениот Закон и престојното одржување на пописот.“, вели Минов.

„Јасно е дека ова не е законско собирање, но ќе биде еден индикатор на податоци колкав број на граѓано во организација на оваа партија како опозиција се изјаснуваат дека се против одржувањето на пописот“, вели за Собраниски брифинг на Утрински брифинг пратеникот од пратеничката група на СДСМ, Панчо Минов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот