ВИДЕО | Мечка барајќи храна влегла во автомобил во Колорадо, уништувајќи го целото возило

Мечка барајќи храна влегла во автомобил во Колорадо, уништувајќи го целото возило / Фото твитер

Колорадо Паркс енд Вајлдлајф (КПВ) организацијата која управува со 42 паркови во државата, објави видео на кое еден од своите полицајци ослободува мечка која била заглавена во возило назад во дивината. Граѓаните биле предупредени да ги заклучат своите автомобили.

На снимката се слуша како полицаецот вели: „Мечко излегувај!“. Полицаецот продолжува да снима дури и откако мечката го напуштила возилото. Камерата ја покажува големата штета што мечката ја нанела во внатрешноста на автомобилот. Мечката ги искинала седиштата и изела се што нашла, оставајќи ѓубре насекаде, пишува Си-Би-Ес.

КПВ објави дека ова е она што мечките можат да му го направат на автомобилот кога се гладни и кога ќе помирисаат храна оставена во возилото. Инаку, минатиот месец беше објавено дека голема црна мечка нападнала чувар во одморалиште во Аспен.

Политиката на КПВ е дека ако мечка постапува агресивно кон човечко суштество, таа мора да биде еутаназирана откако ќе се најде. Тие потсетуваат дека црните мечки се љубопитни, интелигентни и многу снаодливи. Ќе ги истражуваат сите можни извори на храна, особено ако се гладни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот