ВИДЕО: Мбапе го урна рекордот на Меси во Лигата на шампионите

Французинот Килијан Мбапе наскоро би можел да се пресели во „кралскиот“ клуб/7 декември 2021/Фото: EPA-EFE/Ian Langsdon

Французинот Килијан Мбапе испиша историја во Лигата на шампионите, во натпреварот од последното шесто коло од групната фаза во Лигата на шампионите, тој го постигна својот 30 гол за ПСЖ во тоа натпреварување против Клуб Бриж.

На играчот на ПСЖ му беа потребни само минута и 12 секунди за да го постигне својот прв гол против белгискиот клуб.

Со овој погодок со своите 22 години и 352 дена стана најмладиот играч во ЛШ кој стигнал до бројката од 30 гола.

Тоа е и најбрзиот гол во Лигата на шампионите од септември 2016 година, кога Единсон Кавани постигна гол против Арсенал во 42 секунда.

Мбапе го постигна својот втор гол во седмата минута, што е негов 31 гол во Лигата на шампионите.

Првиот гол на Мбапе против ПСЖ можете да го погледнете ТУКА, додека вториот на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот