ВИДЕО: Мбапе е новиот најдобар стрелец во историјата на ПСЖ

Килијан Мбапе („ПСЖ“)/фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Во рамките од 26 коло во најквалитетното француско фудбалско првенство составот на ПСЖ на „Паркот на принцовите“ со 4:2 беше подобар од Нант.

На овој меч беше испишана историја, францускиот репрезентативец Килијан Мбапе е новиот најдобар стрелец во клупската историја на париските „светци“.

Мбапе стигна до бројката од 201 погодок во дресот на ПСЖ, еден повеќе од досегашниот рекордер, Уругваецот Единсон Кавани.

Водство за ПСЖ во 12 минута донесе Меси, а пет минути подоцна автогол си постигна Хаџам за зголемување на позитивата на домаќините.

Гостите успеаја да се вратат со два голови за седум минути преку Блас (31`) и Ганаго (38`).

Во 60 минута предноста за домаќините ја врати Переира, а асистентот на тој гол Мбапе го постави конечниот епилог во самиот финиш од мечот (90+1`).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот