ВИДЕО| Масовна кражба на батерии на електричните тротинети за изнајмување во Нови Сад

Електрични тротинети/ Фото: ЕПА

На улиците на Нови Сад деновиве се појавија електрични скутери кои граѓаните можат да ги изнајмат со помош на апликација. Сепак како што пишуваат српските медиуми развојот на овој транспорт беше сериозно оштетен од честите кражби.

Имено на социјалните мрежи се појавија фотографии од оштетени електронски скутери, како и видео од самата кражба. Како што може да се види на видеото, двајца мажи среде бел ден лежерно им приоѓаат на е-скутерите и за кратко време ги вадат батериите од нив и потоа заминуваат, пренесува порталот 021.

 

Директорот на белградската компанија „Твити“ Мурат Бас, кој стои зад апликацијата за изнајмување е-скутери, за 021.rs изјави дека кражбите ќе ги пријават во полиција и дека не разбираат зошто луѓето крадат батерии, а со тоа ги загрозуваат нивните бизнис.

ФОТО: Оштетен ел. тротинет во Нови Сад како резултат на украдена батерија

Од почетокот на работата во Нови Сад, од нивните електронски скутери се украдени голем број батерии, како што велат, околу 50.

„Сега не знаеме што да правиме поради овие кражби. Сегашниот број на скутери беше само почеток, сакавме тој број да расте. Нашата идеја беше ова да биде електричен град, за луѓето да не мора секаде да одат со автомобил, туку да можат да користат велосипеди или електрични скутери. Кога почнавме да работиме, се беше во ред, луѓето велеа дека е добра идеја. Сега не знаеме што да правиме, сè уште сме тука, остануваме во Нови Сад и ќе се обидеме да најдеме начин да го спречиме ова“, вели Мурат Бас.

Изнајмувањето е-скутери е тренд во многу европски градови. Преку апликацијата граѓаните можат да изнајмат скутер и да возат до својата дестинација, по што го напуштаат скутерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот