ВИДЕО: Манчестер сити го декласираше Челси во ФА купот

фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Манчестер сити и по третпат го совлада Челси сезонава, сега и во рамките на ФА купот со убедливи 4:0.

„Граѓаните“ за само 15 минути игра во првото полувреме постигнаа голови преку Марез, Алварез и Фоден.

Конечниот епилог го постави Марез со својот втор гол на средбата реализиран од пенал во 85 минута.

Големо изненадување приреди четвртолигашот Стевениџ кој како гостин со 1:2 ја елиминираше Астон вила.

Во следната фаза се пласираа уште Дерби, Стоук, Блекбурн и Валсал, а ќе се повторат мечевите Бристол сити – Свонси и Кардиф – Лидс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот