ВИДЕО: Манчестер јунајтед преку Виган во четвртото коло на ФА купот

фото: EPA-EFE/DANIEL HAMBURY

Фудбалерите на Манчестер јунајтед вечерва се пласираа во четвртото коло од англискиот ФА Куп, кои на гостински терен го совладаа третолигашот Виган со 2:0.

Јунајтед поведе во 22 минута со голот на Диого Далот, а конечниот резултат го постави Бруно Фернандеш во 74 минута од пенал.

Фернандеш го постигна својот прв гол од ноември и го постигна својот 28 гол во последните 32 пенали во дресот на „црвените ѓаволи“.

Во четвртото коло од натпреварувањето клубот од „Олд Трафорд“ на гостински терен ќе игра против победникот од дуелот меѓу четвртолигашот Њупорт и Истли кои играат во Националната лига, односно петтиот ранг на англиската лига.

Натпреварите од четвртото коло ќе се играат на 27 и 28 јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот