ВИДЕО: Манчестер јунајтед и Јувентус сигурни, Феенорд го понижи Шахтјор во Лига Европа

фото: EPA-EFE/Ronald Wittek

Се дознаа првите патници во четвртфиналето на фудбалската Лига Европа, Манчестер јунајтед по вторпат излезе како победник во двомечот со Бетис.

Откако на првиот меч славеа со 4:1, овојпат „црвените ѓаволи“ во Шпанија беа подобри со 0:1, а стрелец на единствениот погодок беше Рашфорд во 56 минута.

Јувентус не дозволи никакво изненадувањето на гостувањето кај Фрајбург, „Старата дама“ уште еднаш дојде до победа овојпат со 0:2. Првите 90 минути во Торино му припаднаа на италијанскиот гигант со 1:0.

Од 44 минута Германците останаа без еден играч на теренот поради вториот жолт картон на Гулде кој играше со рака во казнетиот простор, а предност од 1:0 од белата точка донесе Влаховиќ (45`). Конечниот епилог го постави Киеза во судиското надополнување (90+5`).

Фенербахче не успеа да ја анулира негативата (0:2) од првиот натпревар против Севиља. Шпанците одат во следната фаза, а Турците славеа само 1:0 со голот на Валенсија од пенал во 41 минута.

Се очекуваше уште еден неизвесен меч меѓу Феенорд и Шахтјор Доњецк откако по првите 90 минути резултатот беше 1:1 во Варшава, Полска.

Но, Холанѓаните на својот стадион во Ротердам се надминаа себеси и го декласираа украинскиот претставник со 7:1. За Феенорд по двапати во листата на стрелците се запишаа Кокџу и Идриси, а по еднаш Хименез, Џаханбахш и Данило. На спротивната страна единствениот гол за Шахтјор беше дело на Келси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот