ВИДЕО | ЛШ: Лацио го изненади Баерн, ПСЖ сигурен против Реал Сосиедад

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Вечерва во Лигата на шампионите се играа нови два натпревари од осминафиналето, а во нив изненадување приреди Лацио кој беше подобар од Баерн Минхен со 1:0, додека ПСЖ ја оправда фавортската улога на домашен терен со Реал Сосиедад.

Лацио во Рим славеше мининално со 1:0, а одлучувачкиот гол на натпреварот го постигна Чиро Имобиле од пенал на 20-тина минути пред крајот на натпреварот.

Само две минути пред голот на Лацио во 67-та минута Упамекано заработи директен црвен картон.

ПСЖ од друга страна немаше поголеми проблеми со шпанскиот Реал Сосиедад. И на овој дуел во првото полувреме не видовме погодоци, двата гола гигантот од Париз ги постигна во вториот дел.

Килијан Мбапе го отвори резултатот во 58-та минута, додека Баркола во 71. ги постави конечните 2:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот