ВИДЕО | Лондон осветлен со 30.000 светилки по повод Рамазан

Фото Твитер принтскрин

Лондонскиот Вест Енд за прв пат ќе биде осветлен со 30.000 светилки по повод светиот исламски месец Рамазан. Улицата Ковентри, која го поврзува плоштадот Лестер со Пикадили, е осветлена со знак „Среќен Рамазан“. Светлата ги вклучи градоначалникот на Лондон, Садик Кан, кој е еден од 1,3 милиони муслимани во Лондон кои го слават Рамазан, пишува „Би-Би-Си“.

Ајшеа Десаи, која била инспирирана од нејзината наклонетост кон божиќните светилки, е одговорна за украсувањето на градот.

„Само имав амбиција да го направам Лондон како за божиќните празници. Се сетив дека отидов да ги видам божиќните светла со сестра ми кога растев и имав можност да живеам на Блискиот Исток и сакав да ја донесам таа радост и магија во Лондон“, објасни Десаи.

„Изгледа неверојатно, презаситена сум од реакцијата. Ова е толку важен месец за муслиманите. Сакав да ја подигнам и таа свест за нашите соседи да знаат дека ова е навистина важен месец за нас, тоа е мојот омилен месец во годината и јас сум само благодарна што денес сум овде“, додаде таа.

Отворен ифтар, вечерната трпеза што го означува прекинот на постот, ќе се одржи во музејот Викторија и Алберт во Јужен Кенсингтон, кој подигна импровизирана џамија и подготви рамазански павилјон за муслиманите и немуслиманите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот