ВИДЕО | Љубовна афера на црвениот тепих: Како им е на сопружниците кои го гледаат ова?

Фото: Принтскрин / Youtube

Џесика Честејн (44) дојде на Филмскиот фестивал во Венеција, а друштво и правеше Оскар Исак (42). Двојката неодамна сними мини серија (која ја промовираа) наречена „Сцени од брачниот живот“ – и тоа какви сцени беа.

Оскар ја заљубено ја гледаше Џесика додека таа црвенееше. Потоа нежно, пред сите, ја милуваше за рака за конечно да ја бакне и даја  мириса посесивно!

Додека ова видео се шири како пожар на социјалните мрежи, можеме само да се запрашаме: Како им е на нивните сопружници?!


Имено, двајцата актери се во „среќни“ бракови – Џесика е мажена за грофот Џан Лука Паси де Препосулома (39), со кого има две деца, додека Оскар е во брак со Елвира Линд, со која има син.

Не е тајна дека актерите тешко можат да излезат од улогите, и дека за време на снимањата често се случуваат љубовни моменти. Сетете се само како настана љубовната приказна на Џоли – Пит.

Но, гледајќи го овој нов пар, можеме само да посакаме да најдеме некој што ќе не гледа како што Оскар гледа на Џесика на црвениот тепих.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот