ВИДЕО: Лев бек со два гола му донесе триумф на Атлетико Мадрид

Ренан Лоди е херојот на Атлетико Мадрид/ фото: EPA-EFE/MARISCAL

Атлетико Мадрид со 2:0 ја совлада Селта во 26 коло од Ла Лига и ја продолжи битката со Барселона за четвртото место на табелата.

Атлетико по триумфот над Селта се искачи на четвртото место на табелата со 45 бода, еден помалку од третиот Бетис и три повеќе од Барселона која има дури два натпревари помалку.

Победата на актуелниот шампион му ја обезбеди левиот бек Ренан Лоди кој ги постигна двата гола. Првиот гол го даде во 36 минута, а конечниот резултат го постигна во 60 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот